Нова цена на струјата, но тоа е само почеток…
На пладне денеска Регулаторната комисија за енергетика се очекува да објави колку ќе изнесува цената на електричната енергија од 1 јули. Како што објави Фактор, пресметките се веќе направени, а поскапувањето се очкеува да изнесува 3,5%.
Зголемување на цената на струјата поради повисоките трошоци побарале трите енергетски компании - ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО.
Но, ова не е крајот на поскапувањата што ќе ги затекнат македонските граѓани.
Од утре стартува примената на повисока за 0,15 отсто акциза за цигaрите, што се очекува да предизвика повисока цена на цигарите, бидејќи данокот и акцизата учествуваат до 75 отсто во цената на цигарите.
Пред само една недела и природниот гас поскапе за 3,58%, а денеска се очекуваат и нови цени на бензините.
Поскапувања можат да се очекуваат и кај други производи, кај кои ќе бидат пресметани зголемените трошоци пред се за енергија. Раст на цените особени на прехранбените производи можат да предизвикаат и поплавите кои неодамна го зафатија регионот.
Слично
