Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова американска инвестиција ќе отвори 400 работни места

Нова американска инвестиција ќе отвори 400 работни места
Американската компанија „Капкон“ која се занимава со производство во областа на автомобилската индустрија ќе инвестира 18 милиони долари во индустриската зона во Скопје и ќе произведува инфлатори за воздушни перничиња наменети за извоз на европскиот пазар. Договорите за реализација на инвестицијата која треба да отвори 400 нови работни места денеска во Скопје го потпишаа претставници на македонската Влада и на компанијата. „Овој производствен капацитет откако ќе стане целосно оперативен ќе вработи околу 400 лица. Ние имаме намера да ги прошириме нашите активности тука и да отвориме технички центар кој исто така ќе има инженерска поддршка во овој капацитет“, рече по потпишувањето на Договорот Алиел Хач, извршен директор во компанијата. Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, оваа инвестиција целосно се вклопува во напорите на Владата да се привлечат глобални, реномирани компании кои ќе направат значајни промени во екомонијата. „Во зоните се отворени 11.000 вработувања, а во следниот период се очекува уште 13.000 работни места“, истакна Ставрески и додаде дека компанијата која од денес ја впишува Македонија на мапата на производни центри, инвестицијата ќе ја реализира до вториот квартал од 2015 година.
Слично

Поврзани вести