Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова агенција ќе ги мери рејтинзите на телевизиите

Нова агенција ќе ги мери рејтинзите на телевизиите
Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги одлучи да го раскине договорот со досегашната агенција за мерење на рејтинзите на телевизиите Еј Џи Би Нилсен и да распише повик за нова агенција. Членовите на Агенцијата биле незадоволни од критериумите според кои се мери гледаност на македонските телевизии. „Прашав - ако е панелот 400 домаќинства, дали имаат увезено 400 пипл метри. Ми одговорија дека тоа е  деловна тајна. На идентичен начин ми одговорија и кога прашав за етничката структура на семејствата преку кои ја мерат гледаноста. Се е за нив деловна тајна“, вели првиот човек на Агенцијата Зоран Трајчевски. Еден од основните услови кои новата агенција ќе мора да го исполни е транспарентност, односно можност за увид во нејзините податоци. Незадоволство од работата на Еј Џи Би Нилсен досега изразуваше агенцијата, но и телевизиите кои немаа увид во методологијата според која се стигнуваше до резултатите од кои им зависат приходите од реклами. Агенцијата за медиуми наскоро ќе објави повик  во домашните и странските весници до сите заинтересирани компании да конкурираат за изборот на новата агенција која ќе ја мери гледаноста на телевизиските програмски сервиси.
Слично

Поврзани вести