Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА АФЕРА ВО МВР: Откриени 70 илјади формулари за дупликат возачки дозволи!

НОВА АФЕРА ВО МВР: Откриени 70 илјади формулари за дупликат возачки дозволи!

Аферите во МВР земаат скандалозни размери.

Нов скандал денеска обелодени министерот Оливер Спасовски откривајќи дека во магацинот на МВР се пронајдени 70 000 формулари за дуликат возачки дозволи.

„Истрагата што ја отворив во МВР овојпат дојде до 70 илјади дупликат возачки дозволи во МВР. Истрагата покажува вмешаност во скандалот на висок раководител во Министерството за внатрешни работи, бил известен за формуларите за дупликат возачки дозволи, но тој не реагирал се до налогот за попис во магацинот“, соопшти Спасовски на прес конференцијата.

Спасовски посочува дека истите формулари ги има во МВР со ист сериски број а почнати се со попoлнување на 7 февруари 2014 година, додека пак утврдено е дека овие 70.000 формулари не постојат во комјутерот на МВР.

Фирмата која се бави како добавувач на возачките дозволи побарала итна средба со Спасовски, а претставниците биле изненадени зошто никој не ги известил за дупликатот на возачките дозволи, соопшти уште министерот.

Според зборовите на Спасовски овие 70 илјади возачки дозволи нема да бидат повлечени од фирмата. Ќе се формира комисија која што ќе ги уништи истите и ќе се спречи криминал со документи или идентитети.

Слично

Поврзани вести