Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов земјотрес од 3.7 степени во Скопје

Нов земјотрес од 3.7 степени во Скопје

Во 14.19 часот денеска повторно земјотрес го стресе Скопје.

Се работи за земјотрес со јачина од 3,7 степени. Земјотресот траеше кратко,  но ги вознемири жителите на главниот град.  Епицентарот на земјотресот е на 1 км од Црешево или на 4 км северозападно од Арачиново,  на 9 км од Скопје. Првиот земјотрес денеска беше во 11.50 часот, со епицентар на 5 километри од скопско Арачиново. Според Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), вчера во Скопје и во околината се измерени вкупно девет потреси. Најсилниот беше во 15.10 часот, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Два дена Скопје го тресат земјотреси. Вчера стотина граѓани се повредиле додека се обидувале што побрзо да ги напуштат домовите при потресот.

Дел од граѓаните ноќта ја поминаа на отворено во шатори, надвор од своите домови.

Слично

Поврзани вести