Нов закон против измамите на туристичките агенции
Во Министерството за економија се подготвува нов Закон за туризам со построги правила на иницијатива на ресорниот министер Крешник Бектеши кој решил да ги подобри стандардите во овој бизнис, објави Алсат.
Освен за нова категоризација на сместувачките капацитети, се работи и на повеќе мерки кои се побарани од туристичките работници. За што помалку жалби од граѓани дека се измамени од туристички агенции во министерството за економија се повеќе се размислува за задолжителна банкарска гаранција со која би се обештетиле граѓаните кои не се задоволни од некоја услуга на тур –операторот.
„Па тоа е една од подобрите идеи што на мене ми е во предвид и се анализираат во детали какво влијание ќе има. Но, истовремено треба да излезат сите детали од анализите, па потоа ние ќе излеземе со конкретен став“, рече министерот Бектеши.
Оваа мерка која ќе предвидува секоја туристичка агенција да остава банкарска гаранција е барање на туристичлите работници подолг период.
