Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ЗАКОН: Ќе им го отежне ли пристапот до оружје на насилниците?

НОВ ЗАКОН: Ќе им го отежне ли пристапот до оружје на насилниците?
Ќе се менува Законот за поседување оружје, при што оружјето ќе им се одзема на службените лица кои по сила на закон имаат пристап до оружје за извршување на службените задачи, доколку се утврди дека се сомничат за кривично дело поврзано со насилство. Оваа одлука ја донесе Владата по неколкуте инциденти во кои како оружје за насилство беше искористено службено оружје. Последниот таков случај беше вчера во Злетово, каде што професионален војник на АРМ уби три лица. Како резултат на ова, веќе е формирана посебна работна група со претставници од министерствата за внатрешни работи, одбрана, труд и социјала и за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и останати институции кои во рок од една недела треба да изготват информација и да ја известат Владата околу можностите за креирање на новата законска регулатива.
Слично

Поврзани вести