Нов закон и правила за превозниците и патниците во патниот сообраќај
Mинатата седница, Владата го усвои новиот Предлог- закон за договори во патниот сообраќај, информираше портпаролот Александар Ѓорѓиев.
-Со овој закон комплетно се регулира оваа значајна сфера за превозниците, но и за патниците. Претходниот закон кој ја регулираше оваа сфера, кој до донесувањето на овој закон е се уште актуелен е донесен во поранешна Југославија во 1974 година, тој е застарен, и недоволно ја регулира оваа сфера бидејќи има сериозни пропусти во цели делови од регулацијата. Новиот закон ќе значи подобро остварување на интересите, нови можности и подобра судска заштита на интересите и правата“, рече Ѓорѓиев.
Законот е изработен во директна соработка со превозно-транспортниот бизнис сектор, тој беше нивно приоритетно барање, и Владата излезе во пресрет и ја прифати оваа нивна иницијатива. Со него се остваруваат повеќе цели, односно се пропишуваат и уредуваат односите во патниот сообраќај, се дава извесно постапување во одредени ситуации за превозниците и се дефинираат и заштитуваат правата на патниците.
-Законот се состои од неколку поглавја во кои се предвидени одредби кои го регулираат договорот за превоз на патници, договорот за багаж при превоз на патници, одговорноста за штета при сообраќајна незгода, товарниот лист и преносливиот товарен лист при превоз на стока, постапките за избор на превозник за превоз на стока на јавен оглас и слично“, рече владиниот портпарол.
Слично
