Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов удар за Љубљанска банка, загубите пораснаa на 273 милиони евра

Нов удар за Љубљанска банка, загубите пораснаa на 273 милиони евра

Нова љубљанска банка (НЛБ)која важи за најголемата словенечка банка, соопшти дека во 2012 година забележала зголемена загуба и оти и се потребни 400 милиони евра свеж капитал за да ги исполни барањата на европските банкарски регулатори.

Во денешното соопштение се наглсува дека поради големиот обем на ризични заеми, лани се евидентирни загуба од 273,5 милиони евра, во однос на загубата 239 милиони во 2011 година.

„Ситуацијата во банкарскиот сектор во Словенија и во банката и натаму е мошне сериозна“, изјави извршниот директор на НЛБ Јанко Мевља, кој смета дека и оваа година НЛБ ќе работи со загуби.

Словенија поседува 86 отсто од акциите на НЛБ од декемри, кога уделот од 22 проценти го купи од вториот најголем акционер, белгиската осигурителна и банкарска групација КБЦ. До крајот на годината уделот на државата во банката ќе се зголеми на 90 отсто.

Слично

Поврзани вести