Нов удар врз Биткоинот - Има „фора“ до април
Компанијата Stripe која е една од најголемите интернет компании за онлајн трансакции реши повеќе да не го поддржува биткоинот како платежно средство, а на корисниците им остави простор да април за да се прилагодат на промените.
Ова е уште еден голем удар врз Биткоин кој се повеќе не наоѓа употреба и место во реалната економија, па така сите кои се трудат да го обезбедат преку „копање“ или инвестирање во минерски фарми, како и преку директни трансакции за кеш се доведуваат во голем ризик бидејќи нема каде реално да ја употребат оваа криптовалута.
Од Stripe посочуваат дека биткоинот како валута е премногу променлив, стана премногу тежок за користење, трговците кои го прифаќаат бараат огромни провизии и надоместоци, а онлајн трансакциите се повеќе се бавни и несигурни
Stripe секако, не се откажува целосно од криптовалутите, па така ќе отвори простор за конкурентите на биткоин од тие кои ќе прикажат квалитетна услуга, брзи и евтини трансакции, голема сигурност и поголема стабилност на вредноста.
Инаку, за потсетување е дека Stripe беше една од првите компании од платежниот сектор која реши да го прифати биткоинот како платежно средство.
