Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ УДАР ПО ЏЕБ: Пушачи од утре ќе плаќате поскапи цигари

НОВ УДАР ПО ЏЕБ: Пушачи од утре ќе плаќате поскапи цигари

Утре почнува нов месец а тој носи нов бран поскапување на омиленото задоволство на пушачите-цигарите.

Ценовен шок ќе удри по џебот на пушачите кои ќе треба да издвојат 4 денари повеќе за кутија цигари.

Почнувајќи од 1 јули минатата година до 1 јули 2023 година ќе расте акцизната стапка која ќе се зголемува по 0.20 денари за цигара секоја година.

До 2023 овој тренд на растење на цената ќе ги поскапи цигарите за дури 40 денари.

Што велат пушачите за поскапувањето?

Дел од пушачите зголемената цена велат нема да ги погоди значајно. И покрај тоа ќе продолжат да „уживаат во задоволството“ додека многумина размислуваат за сериозно откажување од овој порок кој спред последните податоци бележи раст кај возрасните генерации а пад кај тинејџерите.

Слично

Поврзани вести