Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов тунел под Босфорот ќе ги поврзе Европа и Азија

Нов тунел под Босфорот ќе ги поврзе Европа и Азија
Турција ќе гради уште еден тунел под Босфорот, со должина од 28 километри, кој ќе ги поврзува итанбулските населби Инџирли и Соѓутључешме. Новиот железнички тунел под Босфорот треба да биде завршен до 2023 година, на 100-годишнината од основањето на Турската Република. Овој тунел ќе биде втор по тунелот „Мармарај“, кој се најавуваше како „проект на векот“ со должина од 13,6 километри, и кој беше пуштен во употреба лани. Дел од тунелот во должина од 1,4 километри поминува под Босфорот на длабочина од 60 метри под морското дно, со што од европскиот до азискиот дел од градот се патува за четри минути. Почната е изградбата на уште еден тунел за автомобили, на истата рута како „Мармарај“. Еден ден по свеченото отворање на „Мармарај“ лани дојде до прекин на електричната енергија, по што патниците излегоа од возот и остатокот од патот го минаа пеш.  
Слично

Поврзани вести