Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов „црн список“ на должници на УЈП-Кој најмногу должи?

Нов „црн список“ на должници на УЈП-Кој најмногу должи?

Државни и јавни претпријатија, приватни фирми од различни дејности, медиуми, физички лица, комунални претпријатија, компании во стечајни постапки, се дел од новиот „црн список“ на Управата за јавни приходи.

На десети овој месец ИЈП има 4629 должници компании и граѓани.

Бројот на должници на „црната листа“ за разлика од последниот список е за 410 должници помал.

Се работи за долгови доспеани до 30.11.2015 и неплатени до 19.02.2016 по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Последната листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи (УЈП), покажува дека 3.214 фирми не платиле данок или придонеси остатокот го сочинуваат граѓани кои не платиле данок. Заедно тие должат  228,3 милиони евра или 7 милиони евра помалку од претходната листа.

Целосната листа на УЈП може да ја видите тука.

Слично

Поврзани вести