И кинескиот пазар во колапс
Откако нафтата падна под 40 долари за барел, а и индексите во целиот свет беа во црвено, и кинеската берза бележи значителен пад.
Кина веќе се обидува да ја стимулира економијата, која забавува повеќе од што е предвидено. Еден од главните проблеми е и евтината нафта, што достигна најниско ниво во последните шест години.
Кинеската влада им овозможи на пензиските фондови да инвестираат на берзите со цел да се стимулираат цените на акциите. Во следните месеци се очекува да објави уште мерки за либерализација на монетарната политика.
Најголема загуба има на азиските пазари, а европските индески паднаа за околу 3 отсто.
Падот на кинескиот пазар се почуствува и во Европа, каде индексите беа во црвено. Доларот падна до најниско ниво во однос на јуанот за последните 3 месеци.
Aналитичарите се плашат дека падот на кинеската економија и светските валути, негативно ќе влијаат на светската економија.
