Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов ТАТ: како четворица битолчани останаа покуси за фантастични 600 илјади евра?!

Нов ТАТ: како четворица битолчани останаа покуси за фантастични 600 илјади евра?!
Сопственичката на пропаднатата ТАТ штедилница од Битола, доби уште три ипол години затвор. Соња Николовска беше обвинета за нова измама, во која биле измамени уште 4 битолчани, пишува Нова Македонија. Имено, таа во периодот од 2005 до 2006 година од овие четири лица земала фантастични 615 илјади евра, со образложение дека ќе им ги врати заробените пари и дека ќе им ги вработи роднините. ТАТ беше афера во 1997 та година. Тогашната Влада разоткри криминал тежок повеќе милиони марки. Голем број штедачи беа намамени со високи камати, па потоа штедилницата не можеше да им ги исплати ни каматите ни основниот влог. Битола беше во шок, а многу семејства унесреќени. Никогаш докрај не се открија главните политички актери кои ја промовирааа ТАТ.  
Слично

Поврзани вести