Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов снежен бран во Македонија – Кризниот штаб одржа состанок за преземање соодветни мерки

Нов снежен бран во Македонија – Кризниот штаб одржа состанок за преземање соодветни мерки
Координативното тело на Кризниот штаб при Министерството за транспорт и врски денес одржа состанок на кој се разгледуваа мерките што ќе бидат преземени во врска со најавите на Управата за хидро метеоролошки работи за нов снежен бран што во недела и понеделник ќе ја зафати територијата на Македонија. Според информациите од УХМР новиот снежен бран се очекува да започне во попладневните часови во недела и ќе трае и во понеделник, но тој нема да биде со интензитет како претходниот. „Во фокус на состанокот беа превентивнте мерки што треба да ги преземе ЈП Македонија пат во врска со обезбедување на соодветна опрема и механизација на критичните патни правци со цел да се овозможи безбеден и непречен сообраќај на возилата. На состанокот беше потенцирано преку ЗЕЛС да се повикаат сите градоначалници директно да се вклучат во расчистување на сите патни правци за кои тие се надлежни и доколку имааат потреба да се обратат до надлежните институции за помош“, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски. Од Кризниот штаб апелираат до сите граѓани и институции редовно да ја следат временската прогноза и да се придржуваат кон препораките што ги даваат надлежните институции.
Слично

Поврзани вести