Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ СКОК ЗА БИТКОИНОТ: Koлку вреди сега?

НОВ СКОК ЗА БИТКОИНОТ: Koлку вреди сега?

Од ден на ден скока вредноста на биткоинот. 

Криптовалутата биткоин оствари нов рекорд откако во вчерашното тргување ја мина границата од 7.400 долари односно  7.412,45 долари. 

Биткоинот прво упсеа да ја помине границата од 7.000 долари, а потоа ги достигна рекордните 7.355,35 долари, според CoinDesk.

Виртуелната валута се тргуваше по цена од околу 6.450 долари еден ден претходно, а уште еднаш ги изненади инвеститорите и аналитичарите со неговата непредвидлива нестабилност. Благодарение на големиот скок, пазарната капитализација на биткоинот достигна 120 милијарди долари. Некои експерти претходно изјавуваа дека биткоинот е измама, но прогнозите велат дека до Нова година тој може да достигне и 10.000 долари. 

Само оваа година валутата има раст од 900%. 

Слично

Поврзани вести