Нов силен земјотрес ја потресе Грција, нема жртви!
Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтер бил регистриран синоќа во Грција, пишува атинскиот сеизмолошки институт.
Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри во реонот меѓу Тасос и Крит во јужна Грција, бил почувствуван и на двата островот.
Малку подоцна на истото место имало два последователни потреси со јачина од 2,5 и 3,1 степени по Рихтер.
Во моментов нема информации за настрадани или нанесени сериозни материјални штети.
Слично
