НОВ СИЛЕН ПОТРЕС ВО ПЕТРИЊА: Се почувствувал и во Загреб
Повторно земјотреси во Хрватска - најсилниот во Петриња кој бил со јачина од 4,1 степени по Рихтер и на длабочина од 10 километри.
Земјотресот се случи во 4.55 часот и се почувствувал и во Загреб.
Проценката на институтот Геофон е дека интензитетот бил 4,1 степени според Рихтер, а според ЕМСЦ магнитудата била 3,4 степени со епицентар на околу два километра од Страшник, околу пет километра од Петриња.
Само десет минути подоцна се случил послаб земјотрес кај Карловац
со магнитуда од 2,7 степени, со епицентар 17 километри североисточно од
центарот на градот.
Првиот од низата земјотреси бил во 3 часот и 45 минути.
Слично
