Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов штрајк во Грција поради воведувањето цивилната мобилизација

Нов штрајк во Грција поради воведувањето цивилната мобилизација
24 часовен штрајк за денеска закажа синдикатот на државните службеници АДЕДИ како одговор на Владата за воведување на цивилна мобилизација за околу 85.000 наставници која треба да стапи на сила утре. За време на денешниот штрајк училиштата нема да работаат, а отежнат ќе биде и превозот. Грчката Влада, вчера, воведе цивилна мобилиација за наставниците со цел да ги спречи со штрајк да го нарушат оддржувањето на приемните испити на факултетите од 17 до 31 мај. Како што изјави вчера портпаролот ваквата мерка за мобилизација била „морална обврска“ на Владата. Причината за штрајкот на наставниците во Грција е незадоволството од воведувањето на подолго работно време и недоброволно преместување на наставниот кадар.  
Слично

Поврзани вести