Нов штрајк на грчките железничари
Вработените во грчките железници ОСЕ стапија во штрајк што ќе трае од денеска во 18 часот по локално време (17 часот по средноевропско верме) до понеделник на пладне.
Штрајкот се организра во знак на незадоволство од владините планови за приватизација на ОСЕ.
Поради штрајкот не сообраќаат меѓуградските возови, како и градската железница во Атина. Во рамки на штрајкот во текот на утрешниот ден нема да функционира ниту метро линијата од Атина до атинскиот аеродром.
Слично
