НОВ ШОК ЗА ГРЦИТЕ: Уште пониски пензии и поголем данок!
Грција со кредиторите од еврозоната договорила нов пакет на реформи што ги подгреало надежите дека наскоро ќе добие свежа транша на помош од спасувачката програма.
„Го поздарвувам начелниот договор за Грција постигнат на состанокот на еврогрупата после повеќемесечни тешки разговори“, изјавил европскиот комесар за економски прашања Пјер Московски во Малта после состанокот на министрите за финансии на еврозоната.
„Големите препреки сега се отстранети и сега не чека само последниот чекор“, изјавил шефот на еврогрупата Јерун Дајселблум после разговорите.
Владата во Атина, како рекол, сега е подготвена да ги намали пензиите во 2019 година и да ги зголеми даноците во 2020 година и против противењето на јавноста.
„Ситуацијата во Грција не се подобрува и тоа е нешто за што сме одговорни. Сето ова трае предолго“, рекол Дајселбум.
Преговорите меѓу Атина и нејзините кредитори се одложуваат со месеци поради несогласувањата во поглед на ублажувањата на грчкиот долг и буџетските цели на тие земји.
Меѓу мерките кои ги бараат грчките доверители се дополнително кратење на пензиите, спуштање на основицата на приходите ослободени од данок, и понатамошна дерегулација на енергетскиот и пазар на труд.
