Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов шок за грчките работници – укинати им се платените денови за седење пред компјутер

Нов шок за грчките работници – укинати им се платените денови за седење пред компјутер

Уште еден удар за грчките работници. Имено, владата на Грција одлучи да им ги укине бенефициите на вработените во јавната администрација , а со кои досега сите работници кои  работат на компјутер добиваа дополнителни шест дена платен годишен одмор.

Ваквата привилегијата, со која работниците кои пред компјутер мора да поминуваат повеќе од пет часа дневно ќе добијат дополнително по еден слободен ден на секои два месеци, беше воведена е на 12 јуни 1989 година, кога компјутерите почнаа да се воведуваат во државниот сектор.

Како што сега пишуваат грчките медиуми- одлуката за укинување на привилегијата е мал, но симболичен чекор кон модернизација на застарениот јавен сектор кој допрва ќе трпи промени.

Слично

Поврзани вести