Нов рудник за бакар во Казандол
До крајот на годината е планирано да се отвори нов рудник за бакар, злато и сребро во Казандол, локалитет кој се протега во Валандово, Богданци и Дојран.
Концесионер на рудникот е англиско-украинската компанија Сарадич која треба да инвестира 250 милиони евра и планира да вработи 250 луѓе.
Директорот на компанијата вели дека додека го истражуваат овој локалитет паралелно ќе работат и на други две наоѓалишта каде се планира изградба и на објекти за финални производи.
Ова е првиот чекор, а понатаму нашите планови се да продолжиме со доистражување на локалитетот Казандол, паралелно работејќи на двете наоѓалишта Плавуш и Петрошница. И нашите планови се за во иднина во следните четири години да отвориме фабрика за финални производи, изјави Бошко Сибиновски директорот на „Сардич МЦ“.
Слично
