НОВ РОК: Најдоцна до наредниот петок договор за Законот за медиуми
Наместо до денес партиите и работните групи договор за Законот за аудио и аудио-визуелни медиуми и Законот за медиуми треба да постигнат до наредниот петок.
Како што пренесе Плусинфо рокот е пролонгиран бидејќи партиите не можеле да ги усогласат ставовите по ниту една точка, а владеачката гарнитура денеска треба да претстави свои предлози.
Вчерашната средба на работните групи не донесе никаков напредок.
Преговорите закочија кај владините реклами и дефинирањето кои реклами се од јавен интерес.
Како што е познато досега деполитизацијата на Јавниот сервис МРТВ останува во прв план.
Слично
