Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов рекорд во Србија - има над 13.000 заразени

Нов рекорд во Србија  - има над 13.000 заразени

За 24 часа, Србија има над 13.000 заразени со коронавирусот. 

Северниот сосед бележи 13.693 нови случаи на коронавирус, а 22 починале. Земјата претходно имаше 9.122 заразени и тоа на 6 јануари годинава. Во болниците има 2.287 пациенти, од кои 86 се на респиратор.

 Во Србија досега од вирусот се заразиле вкупно 1.373.237 лица, а регистрирани се 12.958 починати.

Епидемиологот Предраг Кон веќе предупреди дека Србија ја очекуваат високи бројки на заразени. Се смета дека поради опуштањето за празниците, скокна бројот на заразени, а свој удел има и брзото ширење на омикрон сојот. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести