Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ РЕКОРД: Само од продажба на сувенири заработија над милијарда долари

НОВ РЕКОРД: Само од продажба на сувенири заработија над милијарда долари

Турскиот туризам постави нов рекорд - за прв пат продажбата на сувенири на странски туристи надмина 1 милијарда долари.

Имено, Турскиот институт за статистика објави дека странските туристи купиле сувенири во вкупна вредност од 1,05 милијарди долари во првата половина од годината. Ова е за 15 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година, кога изнесуваше 904 милиони долари.

Понатаму, во првите шест месеци, оваа земја оствари приход од туризам од 25,78 милијарди долари, што е за 7,6 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година. Ова е највисок приход од туризам во првата половина од годината досега. Бројот на посетители се зголеми за 1,7 проценти, надминувајќи 25,53 милиони.

Како што пишува весникот „Хуријет“, овие бројки го потврдуваат континуитетот во силата на турскиот туризам. Туристите главно купувале магнети, текстилни производи, локум, суво овошје и теписи. Продажбата на сувенири е меѓу најпрофитабилните сегменти на турскиот туризам.

Сепак, туристите во оваа земја потрошиле најмногу за храна и пијалоци (5,43 милијарди долари), стоки и услуги (4,57 милијарди долари), домашен и меѓународен превоз (3,54 милијарди долари) и облека и обувки (2,69 милијарди долари).

foto EPA/KERIM OKTEN

Слично

Поврзани вести