Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ РЕКОРД: Kолку гас испорача Русија во Кина?

НОВ РЕКОРД: Kолку гас испорача Русија во Кина?

Во 2025 година, компанијата „Газпром“ испорача 38,8 милијарди кубни метри гас во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“, објави денеска претседателот на одборот на директори на компанијата, Алексеј Милер.

„Гасоводот „Моќта на Сибир“ веќе стана најважниот гасовод за испораки во Кина. Во изминатите неколку години, континуирано ги зголемуваме испораките на гас во Кина, а секоја година поставуваме нови рекорди, а понекогаш и ги надминуваме“, рече Милер на презентацијата на годишните резултати на компанијата, објави Интерфакс.

Тој додаде дека на крајот од оваа година, договорениот максимум од 38 милијарди кубни метри гас не само што е достигнат, туку и надминат за 800 милиони.

Милер изрази верување дека овој тренд на кинескиот пазар на гас ќе продолжи.

Испораките на руски гас во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“ започнаа во 2019 година.

Русија стана најголем снабдувач на гас во Кина, покривајќи околу една третина од увозот на Кина.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести