Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ РАСТ НА БРОЈОТ НА ТУРИСТИ, НО ПОМАЛКУ НОЌЕВАЊА - традиционално најголем број доаѓаат од Турција и од кај нашите соседи

НОВ РАСТ НА БРОЈОТ НА ТУРИСТИ, НО ПОМАЛКУ НОЌЕВАЊА - традиционално најголем број доаѓаат од Турција и од кај нашите соседи

Нов раст на бројот на туристи кои ја посетиле нашата земја регистрираше Државниот завод за статистика. 

Според најновите информации во февруари 2026 година 48.654 туристи оствариле 94.652 ноќевања. 

Притоа, во споменатиот месец, од вкупниот број туристи, 32,6 проценти биле домашни туристи, додека пак 67,4 отсто биле странски туристи. 

- Бројот на ноќевањата во февруари 2026 година изнесува 94.652, од кои 38,1 отсто се од домашните туристи, а 61,9 проценти од странските туристи.

Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6 отсто, односно кај домашните туристи има зголемување за 5,1 процент, а кај странските има зголемување за 6,5 отсто - се посочува во објавата на ДЗС. 

Статистичарите утврдиле дека во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 1,6 отсто така што кај домашните туристи има намалување за 0,2 проценти, а кај странските има намалување за 2,6 проценти.

Најголем дел од туристите кои ја посетиле Македонија повторно доаѓаат од Труција. Имено, од таму во текот на февруари земјава ја посетиле 5.011 лица, додека пак од соседна Грција нашата земја ја посетиле 3.523 лица. 

Меѓу најбројните гости се и посетители од уште еден наш сосед, тоа се гостите од Србија, од каде не посетиле 3.278 лица. 

Четврти на листата најголем број посетители се гостите од Греманија, од каде дошле 2.181 лице. 


Слично

Поврзани вести