Нов протест на „Шарена револуција“- порачуваат борбата продолжува
Голем број граѓанин попладнево во 19 часот, се собраа пред Специјалното јавно обвинителство на нов протест.
„Вистински државници не се закануваат на граѓаните“ - е главниот транспарент.
Демонстрантите се против закани од политичките лидери кон граѓаните, нарушено владеење на правото и неизјаснување на Уставниот суд во врска со уставноста на СЈО.
„Заедно спречивме помилување криминалци, заедно спречивме уште едни фалсификат избори! Нашите другари се на слобода! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата!“ - порачуваат од „Шарената револуција“.
Изминатиов период имаа протести, герила акции и блокади во Скопје, но и во внатрешноста на Македонија.
Слично
