Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ПРОТЕСТ: Бивши работници на ОХИС си ги бараат парите пред Влада

НОВ ПРОТЕСТ: Бивши работници на ОХИС си ги бараат парите пред Влада

Поранешните вработени во компанијата на „Охис” денеска пак се собраа пред Владата и побараа да им бидат исплатени заработените плати. Тие велат дека две години не добиле плата, а не им се исплатени ни придонеси.

Вкупниот долг на државата кон вработените во Охис е околу 5 милиони евра, пари за плати и придонеси на околу 800 лица.

Поради неплатени долгови, голем дел од поранешните охисовци се соочуваат со решенија за присилна  наплата.

Тие бараат да се одвојат средства од идниот буџет за наредната година, за исплата на долговите кон нив.

.Министерот за економија Незири веќе изјави  дека Владата е запознаена со сотојбата, но засега не планира исплата бидејќи се уште за фирмата не може да се најде купувач.

Иднината на оваа компанија се уште е неизвесна и покрај 13 обиди да сенајде купувач преку тендер.

Слично

Поврзани вести