Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов претседател во Услужна комора на ССК

Нов претседател во Услужна комора на ССК
Услужната Комора во рамки на Сојузот на стопански комори на  редовно годишно Собрание за нов претседател ја избраа ѓ-ѓа Данела Арсовска, ѓенерален менаџер на „Ројал Груп“, компанија членка на ССК од основањето на комората. -Како повеќегодишен член на комората и како стопанственик, свесна сум за големата одговорност која ми ја дадоа колегите. Се надевам дека успешно и со засилено темпо ќе ја продолжам работата на досегашниот претседател. Продолжуваме со работните состаноци со државните институции, нашите Управни одбори, како и вмрежување на сегашните, но и на новите членки кои сакаат да станат дел од Услужната комора. Особено значајно е да придонесеме во зголемувањето на извозот на услугите преку активности за подобрување на нивниот квалитет, како и нивна поголема национална и интернационална промоција, изјави Арсовска. Досегашниот претседател на Услужна Комора г-дин Михајло Евросимовски на новата претседателка и посака успех во работата, внесување новини во коморското организирање и  позасилено темпо на дејствување.  Евросимови, ја вршеше оваа функција од 11.11. 2009 до вчерашното истекувањето на неговиот мандат.  Услужна Комора во ССК функционира од 2004 година и е најголема комора со над 250 членки.
Слично

Поврзани вести