Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов претседател на Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав

Нов претседател на Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав

На денешната седница на Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав, Надзорниот одбор го именуваше Игор Стебернак за претседател на Надзорниот одбор на Друштвото.

Мандатот на претходниот претседател и член на Надзорниот одбор истече, по поднесувањето на оставка на 31 мај 2016 година.

Групацијата Триглав на полугодие: добри резултати во доменот на осигурувањето, пониски приноси од финансиските вложувања

Групацијата Триглав во првото полугодие од 2016-та година, во согласност со очекувањата, работеше во тешки услови на пазарот и во опкружување со историски ниски каматни стапки на меѓународните финансиски пазари. Во доменот на основната дејност, осигурувањето, групацијата Триглав постигна добри резултати. На тоа укажува комбинираниот коефициент, како показател  на профитабилноста во работењето во неживотното осигурување, кој што Групацијата го подобри, па на крајот од првите 6 месеци од 2016-та година тој изнесуваше 93,4%. На останатите пазари, сите компании ќерки остварија раст во премија. Триглав Осигурување, Скопје, којшто е дел од групацијата Триглав, во првата половина од 2016-та година постигна премијски раст во висина од 5% и за 0,5 процентни поени го подобри уделот на македонскиот осигурителен пазар(16.9%).

Слично

Поврзани вести