Новa пресметка - колку изнесува минималната кошничка за јануари?
Минималната кошничка за едно семејство изнесува над 66.000 денари.
Најосновните потреби на четиричлено семејство во јануари чинеле 66.413 денари. Трошоците за храна и пијалаци, за кои одат 36,6 проценти од парите, достигнале 24.211 денари. Од декемвриските се повисоки за 571 денар.
Од Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) пресметале дека за намирување на режиските трошоци – станарина, вода, струја и и греење се потребни 6.338 денари. Понатаму, ставката образование чини 7.192 денари, облека и обувки 6.043 денари, рекреација и култура 5.592 денари, транспорт 4.545 денари, комуникации 3.417 денари…
Доколку просечното семејство живее во изнајмен стан од 60 метри квадратни, минималните трошоци за јануари изнесуваат 81.788 денари.„Инфлацијата не ја создава работникот, не ја создава минималната плата, туку лошите политики, слабата контрола и дозволените екстра-профити“, соопштија од ССМ.
Од синдикатот најавија протести со барање за зголемување на платите.
foto freepik.com/jcomp
Слично
