Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов предизвик за операторите, АЕК ќе мери колку се квалитетни

Нов предизвик за операторите, АЕК ќе мери колку се квалитетни
Започна мерењето на квалитетот на услугите што ги нудат операторите со новата мерна опрема на Агенцијата за електронски комуникации . Сите податоците за квалитетот на мрежата на операторот ќе бидат објавени на веб страницата на АЕК, посочуваат од Агенцијата. „Крајните корисници ќе имаат во секое време информација за квалитетот и перформансите за секоја од поединечните мрежи што ги нудат операторите. Преку нашата веб страница граѓаните ќе можат во секое време да видат какво е покривањето во секој град и по патиштата низ државата, така што ќе имаме целосна слика за нашите оператори“, изјави денеска директорот на АЕК Роберт Орданоски. Од АЕК посочуваат дека сите оператори се обврзани да ги постигнат минималните перформанси содржани во Правилникот на како што се достапноста на мрежата да биде поголема од 95,5 проценти, процентот на неуспешни повици на национално и интернационално ниво да не биде поголем од 0,5 проценти, бројот на прекинати, а воспоставени повици во периодот од 12 до 2 часот преку ден да не биде поголем од 2 проценти и брзината на пренос на податоци преку радиокомуникациската мрежа да биде поголем или еднаков од 1 МБ во секунда.  
Слично

Поврзани вести