НОВ ПОЖАР ВО ГРЦИЈА: Kaко се справуваат соседите?
Нов пожар утрово избувна на Атика, при што огнот го гаснеа девет грчки пожарникари со три противпожарни возила и еден хеликоптер.
Пожарот се појави во местото Неа Макри и ги зафати ниските грмушки.
Властите предупредуваат за зголемениот ризик од пожар на Атика, јужниот дел на Евија и некои од северните егејски острови.
Секретаријатот на Министерството за внатрешни работи за цивилна заштита нареди сите служби да бидат во состојба на подготвеност.
Како мерки на претпазливост на возилата им е забрането да минуваат низ одредени паркови, шуми и области каде што постои ризик од пожар.
Во пожари претходно во Грција загинаа над 90 луѓе.
Слично
