Нов потрес, нов немир!
Дополнителен немир внесе најновиот потрес со јачина од 3 степени по Рихтер.
Скопје ноќва во 1.32 часот го погоди уште еден земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 6 километри североисточно од центарот на градот на длабочина од 5 километри, односно југозападно од скопското село Цресево.
Иако граѓаните малку се потсмирија, новиот земјотрес внесе дополнителен немир. Сепак, со оглед на тоа што потресот беше далеку од двата најсилни досега, немаше посеризни панични реакции.
Дел од граѓаните, особено од неколку маала близу американската амбасада се уште спијат под отворено небо, стравувбајќи дека трошните куќи во кои живеат може да се урнат.
Слично
