Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов пораст на бројот на заболени од корона во Србија

Нов пораст на бројот на заболени од корона во Србија

И понатаму расте бројот на заболени од коронавирусот во Србија. 

Денес има 1.484 нови случаи, а три лица починале. Бројот на заболени расте, ако се знае дека вчера беа регистрирани скоро 1.300 новозаболени. На респиратор се 26 пациенти, а хоспитализирани се 879 луѓе. Денеска се направени 13.695 тестови. Досега од вирусот во Србија починаа 7.177 луѓе.  Од почетокот на пандемијата тестирани се 4.845.253 примероци, а вирусот е потврден кај 734.816 лица.

Оние кои не сакаат да се вакцинираат се одлучиле за вирусот, вели епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија Предраг Кон и додава дека е невозможно да се избега од вирусот. Тој вели дека вирусот преживеал на планетата, но „дека короната не е толку сериозна болест, без оглед на фактот дека имаме многу смртни случаи“.

Предраг Кон за Euronews Србија изјави дека родителите кои не ги вакцинирале своите деца треба да го знаат тоа - дека тие се одлучиле за вирусот.

Слично

Поврзани вести