НОВ ПЛАН: Помалку нафта и после јуни?
Министерот за енергетика на Саудиска Арабија Калид Ал Фалих изјавил дека земјите произведувачи на нафта можеби ќе мора да го продолжат договорот за намалување на производството.
Договорот би требало да се продолжи во првите шест месеци оваа година и во наредниот период, како би ја постигнале посакуваната рамнотежа на пазарот.
„Можеби ќе мораме да го продолжиме договорот за да дојдеме до посакуваното ниво на залихи“, рекол тој на енергетскиот форум во Абу Даби, по повод договорот помеѓу членките и нечленките на ОПЕК за кратење на производството за околу 1,8 милиони барели дневно, пренесе Франс прес.
Фалих, чија земја е најголем светски извозник на „црно злато“ наведува дека постои некој вид на „иницијална сегашност“ за потребите на продолжување на договорот по разговорот во Кувајт минатиот месец.
Додал дека произведувачите ќе продолжат да ги проценуваат пазарните показатели до следниот месец кога се очекува министерите да донесат конечна одлука на состанокот во седиштето на ОПЕК во Виена.
