Нов пакт на Русија и Арапите, зошто нова фирма?
Операторот на пристаниште со седиште во Дубаи, компанијата „DP Vorld“ и рускиот фонд на директни инвестиции најавија дека ќе формираат заедничка мешовита компанија.
Како што се наведува, се основа фирма за равој на пристаништето, транспортот и логистичката инфраструктура во Русија.
Договорот, најавен и потпишан денес на маргините на Светскиот економски форум во Давос предвидува сопственички дел на „DP Vorld“ од 80 отсто во новата заедничка фирма, а остатокот ќе му припадне на рускиот фонд , кој го поддржува владата.
Името на компанијата ќе биде „DP Vorld Русија“ и во наредниот период би можела да инвестира 2,0 милијарди долари во унапредување во пристанишната инфраструктура во различни делови на Русија.
„DP Vorld“ е еден од најголемите пристанишни оператори на светот, зад кој стои владата во Дубаи, и кој работи во најраздвиженото пристаниште на Блискиот исток и трговскиот центар на Персискиот залив.
