Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ПАД: Цената на нафтата падна под 30 долари за барел!

НОВ ПАД: Цената на нафтата падна под 30 долари за барел!

Цената на нафтата забележа нов рекорден пад на светските берзи.

Американската лесна сурова нафта поевтини на крајот на петочната трговија на Њујоршката трговска берза до 29 долари 42 центи, што е најниско ниво од ноември 2003 година.

Во петокот беше регистриран уште еден ден со цена на суровината под психолошката граница од 30 долари за барел.

Нов сериозен пад на цената на нафтата се очекува, откако ќе отпаднат трговските санкции против Иран, што може да се случи во следните неколку дена. Исламската република е една од главните извозници на суровината.

Слично

Поврзани вести