НОВ ПАД: Рубљата пак на најниско ниво во однос на еврото!
Руската рубља денеска достигна ново историско ниско ниво во однос на еврото и доларот покрај зголемувањето за еден поен на каматната стапка на централната банка на 10,5 одсто.
Вредноста на еврото денеска скокна на 68,98 рубљи, а доларото на 55,45 рубљи, што досега е незабележано ниво.
Руската национална валута вкупно изгуби третина од вредноста во однос на еврото и 40 одсто од вредноста во однос на доларот.
Слично
