Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ПАД: Паѓа цената на бензините

НОВ ПАД: Паѓа цената на бензините

Во следните седум дена возачите ќе точат бензини поевтини од денар до денар и пол.

Ова станува јасно од одлуката на регулаторното тело за енергетика согласно која цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,5 денар и ќе чини 68,50 денари за литар а од друга страна ЕУРОСУПЕР БС – 95 бележи пад на цената од еден денар и ќе се точи за 66,50 денари по литар.

Неделава цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе остане иста како и во изминатата недела.

Мазуотот исто така ќе се продава поевтино и ќе чини 32,954 ден/кг.

Слично

Поврзани вести