Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов пад на цените на нафтата

Нов пад на цените на нафтата

Се намалија цените на нафтата денеска во претпладневното тргување поради сигналите за слабеење на побарувачката. Но, производството на нафта во САД се приближило на досега незабележаното ниво од 12 милиони барели дневно.

На лондонскиот пазар цената на барелот во претпладневното тргување падна за 37 центи во однос на ден претходно, на 60,95 долари, додека на американскиот пазар со барелот се тргуваше по 39 центи пониска цена, од 51,92 долари. Организацијата на земјите извознички на нафта утрово објави дека цената на барелот референтна кошница нејзина нафта во средата изнесувала 59,52 долари, што значи дека пораснала за 28 центи во однос на претходниот трговски ден.

Американското производство на сирова нафта достигна минатата седмица рекордни 11,9 милиони барели дневно, што е досега највисокото ниво на производство на една земја во светски рамки. Од јануари лани производството во САД скокнало за 2,4 милиони барели дневно, што на пазарите предизвикува стравување во врска со прекумерната понуда.

Слично

Поврзани вести