Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ПАД НА БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА - еве кои сектори се со најголемо намалување

НОВ ПАД НА БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА - еве кои сектори се со најголемо намалување

Нов пад на бројот на работниците во индустријата во јули годинава регистрираше Државниот завод за статистика. Согласно последните податоци, има пад од 3,8 отсто кај бројот на работници во индустријата во јули годинава во однос на јули 2024 година.

- Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024, се намалил за 2,4 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 проценти - се посочува во нивното соопштение. 

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,9 проценти, Капитални производи за 8,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8 проценти, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 9,6 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 проценти.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, се намалил за 4 отсто. 

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести