Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ ПАД НА БИТКОИНОТ: Пука ли балонот на криптовалутата? - Никој не знае!

НОВ ПАД НА БИТКОИНОТ: Пука ли балонот на криптовалутата? - Никој не знае!

Биткоинот падна под 13.000 долари, објавија новинските агенции. 

Депресијацијата на најпопуларната криптовалута за околу 20 проценти беше неочекувано, откако таа постојано растеше во последните недели и нејзината вредност достигна 20 илјади долари. 

Во петокот само за неколку часа курсот падна до 12 570, што е најниско ниво од почетокот на декември. 

Сепак, на платформата BitStamp, курсот се зголеми на 13.800 долари. 

Експертите се плашат да кажат што е причината за падот на курсот, истовремено се повеќе политичари, банкари и други професионалци ги критикуваат криптовалутите поради нивната нестабилност и високиот ризик кој го кријат. Во моментов има повеќе од 1000 криптовалути. 

Тие не се поврзани со ниту една влада или банка, а нивниот курс се одредува само од понудата и побарувачката. Тие им овозможуваат на компјутерските криминалци широк опсег за брзи и анонимни трансакции.


Слично

Поврзани вести