Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов оглас за самовработување

Нов оглас за самовработување

Невработените лица од денеска можат да се пријават на новиот оглас за самовработување за 2014-та година, кој ќе трае до 24-ти јануари. Годинава преку оваа програма ќе се финансираат бизнис идеите на 950 лица.

- Ги охрабрувам  сите евидентирани невработени лица како активни баратели на работа, кои имаат бизнис идеи и кои сакаат да ги реализираат, кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програмата за самовработување да ја искористат оваа шанса, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување бидејќи оваа мерка за самовработување е одлична можност да се реализира идејата и визијата, да се стартува нов бизнис и да се постигне успех, да се обезбеди сопствено вработување, но и да се отворат нови работни места исто така и профит, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

На огласот можат да се пријават сите невработени лица кои активно бараат работа. Над 9.000 лица годинава ќе бидат опфатени со владините програми за намалување на невработеноста,  за што се одвоени буџетски средства од 525.788.240 денари. Од нив над 4.000 ќе бидат директни вработувања.

Според статистиката 96.685 лица во Македонија активно бараат работа, а во последниот период се забележува тренд на префрлање од пасивната на активната листа на невработени. Со програмата за самовработување до сега се опфатени 5.806 лица, а најчести бизниси кои се поддржани се во угостителството, услужните дејности, производството и градежништвото.

 
Слично

Поврзани вести