Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нов образовен фронт: Ќе попушти ли МОН и пред средношколците?!

Нов образовен фронт: Ќе попушти ли МОН и пред средношколците?!
Средношколците стануваат  се погласни против новиот концепт на државна матура кој предвидува полагање  на математика како задолжителен предмет. Велат дека се разочарани од првично тврдите ставови на надлежните дека нема да отстапат од одлуката за спроведување на новото законско решение. И покрај притисоците со кои секојдневно се соочени учениците и дел од професорите, тие отворено говорат за образовните проблеми. Новите реформи според нив  нема да го подобрат квалитетот во образованието  ниту нивниот успех, туку напротив,  последиците ќе ги почувствуваат на свој грб. “Мнозинството од средношколците сметаат дека оваа одлука е избрзана. Свесни сме дека застрашувачки лошите резултати по математика претставуваат проблем, но воведување на задолжителна матура по овој предмет дефинитивно не е соодветно решение. За ваква радикална реформа оние на кои што се директно засегнати, во случајот ние, средношколците, треба да се навремено известени. За волку краток временски интервал, ваква реформа дефинитивно нема да вроди позитивен плод”-додава средношколката Калина П. од скопската гимназија “Никола Карев”. M2U04039.MPG.Still001 Таа смета дека овие мирни собири помеѓу смените во средните училишта  засега се соодветна реакција бидејќи овозможуваат  да биде чуен нивниот глас, но доколку нивните пораки не бидат сериозно сватени учениците   не ја исклучуваат можноста за радикализација на протестите. “Пред се овој проблем треба длабински да се анализира, односно да се увиди зошто баш овој предмет најтешко се совладува. Освен ние учениците, улога овде играат и наставната програма и наставничкиот кадар, започнувајќи од основното образование.  Воведувањето на математика како задолжителен предмет за државна матура воопшто не допринесува кон лоцирање каде настанал овој проблем, а како што веќе кажав ниту кон неговото решавање. И секако, насоките кои ги бираме во трета година постојат со причина. Не верувам дека математиката како задолжителен предмет ќе мотивира некого да се запише на техничките факултети, туку само ќе го намали неговиот успех и шансата да биде примен на посакуваниот факултет од областа на општествените науки. Оние кои планираат да продолжуваат на факултети кои бараат математика до сега имаа шанса да го изберат овој предмет, додека оваа реформа го крати правото на избор на останатите”-потенцира матурантката Калина П. M2U04041.MPG.Still001   Учениците регираат дека со оваа реформа не биле запознаени кога се запишувале во гимназија. Како  нелогичен го истакнуваат фактот дека подеднакво сложени  задачи ќе имаат  сите без оглед дали имаат два часа неделно математика на јазична насока или девет  доколку се на природна насока. Ова велат дополнително ги става во нерамноправна положба, а и програмата за предметот математика не претрпела  измени и останува иста како кога имала статус на изборен предмет. Според Законот за полагање на матура, сите ученици треба да имаат исти прашања и да започнат со полагање на тестот истовремено, а тоа се сомневаат дека  нема да биде овозможено од технички причини поради недоволната опременост на кабинетите во училиштата. Според нив, нова мака е што сите три  екстерни испити ќе бидат полагани два  пати – еднаш во писмена и еднаш во електронска форма со  нови и временски блиски  термини за полагање на испитите. “Системот на електронското полагање, доколку е ист како тој на екстерното тестирање, е нестабилен бидејќи веќе три години по ред се случуваат проблеми,  паѓање на системот, има прашање – нема понудени одговори и обратно,  има повеќе од еден точен одговор, нема ниту еден точен одговор и слично како што е наведено во приговорите што ги  има секоја година.Доколку се полага електронски, нема да има конкретна тежина на прашањата и матурата ќе ја изгуби формата на стандардизиран тест. Времето предвидено за полагање на тестот е преполовено односно се ограничени нашите способности, а и концентрација” - вели средношколец од гимназијата Орце Николов. M2U04006.MPG.Still001 Дополнително според средношколците  официјалното објавување во Службен весник со кое што математиката станува задолжителен предмет е  објавено во 2014 година што претставува задоцнета информација, бидејќи учениците кои веќе се запишани се воделе по претходно утврдениот концепт за државна матура во која математика е изборен предмет. “Новиот модел вклучува полагање на екстерните предмети два пати, еднаш во писмена и еднаш во електронска форма, што значи дека матурата ќе се полага во седум различни денови. Освен тоа, при полагање на екстерните предмети учениците треба да започнат со тестот истовремено, а недостатокот на компјутери го оневозможува ова. Покрај тоа, сведоци сме на бројните технички и проблеми со пад на системот кои се случувале за време на екстерното тестирање, така што истите може да се појават и за време на полагање на државната матура” - смета ученичка во четвртта година од гимназијата “Никола Карев”. Матурантите од завршните години велат дека тие се  најзасегнати од новите  промени и очекуваат дека нивните пораки ќе бидат сватени сериозно од надлежните,  од кои очекуваат  креирање на нови законски одредби во средното образование . Тие како средношколци бараат да бидат разгледани нивните барања и аргументи кои пред три дена ги доставија до надлежните, бидејќи се  подготвени  за конструктивни разговори и  соработка со цел да придонесат за разрешување на оваа според нив конфузна состојба, која може да го загрози целиот образовен процес. С.Б.
Слично

Поврзани вести