Нов обид за ски центар на Водно
Ски центар ќе се гради на Водно. На тендерот, што го објави вчера АД Електрани на Македонија се бара инвеститор со кој по принципот на јавно-приватно партнерство ќе изгради четири ски патеки од Милениумскиот крст кон Нерези и три ски лифта.
Според планот, планираните ски-патеки се со вкупна должина од 3.850 метри, а ски лифтовите со должина од еден километар и 350 метри.
Во проектот за скијачкиот комплекс е вклучена изградбата на административна зграда со површина од 240 метри квадратни, во чии рамки ќе има ресторан, скијачка школа и оддел за изнајмување скии. Највисоката точка на скијалиштето е на надморска височина од 1.050 метри.
Претходниот тендер за проектот „Ски центар Водно“ беше распишан од Градот Скопје на крајот од 2012 година и доживеа неуспех бидејќи ниту еден субјект не достави понуда.
Слично
