Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВ НАПАД НА КОСОВО: Група Албанци истепале Србин кој се враќал од црква

НОВ НАПАД НА КОСОВО: Група Албанци истепале Србин кој се враќал од црква

Уште еден инцидент на Косово. Koсовски Албанци утрово истепале косовски Србин. 

Група Албанци околу 2 часот и 30 минути го претепале Стефан Томиќ (18) од Клокот додека тој и неговиот брат се враќале од полноќната божиќна литургија во црквата Свети Петар и Павле во Клокот, објави Канцеларијата за КиМ, а пренесе РТС.

По завршувањето на богослужбата во црквата, младиот човек бил на пат кон куќата на неговата тетка. Дел од напаѓачите биле обезбедувачи во локален ресторан и момчето ги препознало.

Стефан се здобил со повреди на окото, раката, стомакот и нозете, а лекарска помош побарал во здравствена установа во Витина.

Со семејството разговараше и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој им ја пренесе поддршката од Србија која ќе биде тука да им помогне.

Семејството целиот случај го пријавило во полиција, која до раните утрински часови го испрашувала Стефан за нападот.

Вчера Албанец пукаше во две момчиња од српска националност на Косово. Тие се здобија со повреди, но се во добра здравствена состојба. 

Слично

Поврзани вести